Англискиот првак Манчестер Сити планира да го зголеми капацитетот на својот стадион, и потоа капацитетот да надмине 60.000 гледачи. Во моментов Етихад собира 53.400 гледачи, а сега идејата е таа бројка да биде зголемена за 7.000 луѓе.
Новите седишта би биле сместени во деловите на високите места во северната трибина.
Засега тоа е само план, ако биде одобрен, тогаш ќе биде потребно три години да се реализира проектот. Сити исто така размислува и изградба на хотел и фан зона веднаш до стадионот. Таму веќе се прави концертна сала која треба да се отвори во декември.
Во моментов Англија има само пет поголеми стадиони од „Етихад“. Тоа се на Арсенал, Тотенхем, Вест Хем, Олд Трафорд и „Вембли“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

