Манчестер Сити поднесе тужба против Премиер лигата поради, како што тврди англискиот шампион, неправедни и „дискриминаторски“ правила кои постојат само за да го намалат нивниот успех. Адвокатите на Сити поднесоа жалба од 165 страници, а рочиштето ќе започне во понеделник и ќе трае две недели.
Според англиските медиуми, тоа би можело да има огромна улога во процесот што се води против Манчестер Сити поради 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј на лигата, а расправата за тој процес започнува во ноември. Сити во својата тужба тврди дека правилата, кои беа изгласани од нивните ривали, се „тиранија на мнозинството“, а тужбата е насочена кон правилата поврзани со спонзорските договори.
Во 2021 година, откако Саудијците го презедоа Њукасл, Премиер лигата им забрани на клубовите да зголемуваат спонзорски договори со компании во сопственост на нивните сопственици. Според овие правила, спонзорските договори мора да бидат во нормални рамки на пазарот, а токму тоа е еден од темелите на тужбата на Премиер лигата против Сити.
Манчестер Сити има четири огромни спонзорски договори со компании од Абу Даби, кои директно или индиректно се поврзани со Шеикот Мансур, сопственикот на клубот.
Од 2009 до 2023 година, тие компании, тврдат од Премиер лигата, испумпувале огромни пари во клубот, кои биле претставени како спонзорски договор, иако очигледно бил превисок. Сити смета дека Премиер лигата не треба да ги ограничува спонзорските договори, туку спонзорите треба да можат да одлучат колку ќе инвестираат во некој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА