Манчестер Сити покрена правна постапка против Премиерлигата, објавија англиските медиуми. „Тајмс“ објави дека видел документ од 165 страници во кој Сити тврди дека е „жртва на дискриминација“ поради прописите.
Правилата ги спречуваат клубовите вештачки да ги зголемуваат комерцијалните договори со цел да добијат „нефер предност во однос на конкурентите“. Тие правила беа воведени во декември 2021 година, а промените беа договорени во февруари. Лигата објави во февруари дека промените „понатамошно ќе ја подобрат ефикасноста и прецизноста на системот“.
Сити е во сопственост на владеачкото семејство на Абу Даби и спонзориран од „Етихад Ервејс“ со седиште во Абу Даби. Рочиштето започнува во понеделник и ќе трае две недели. Лигата веќе го обвини Сити дека прекршил повеќе од 100 негови правила, вклучително и финансиски неправилности, што клубот го негира.
Клубовите од Премиерлигата ќе се состанат во четврток за да разговараат за укинување на ВАР и воведување ограничувања на трошоците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА