Манчестер сити е добро познат како клуб кој издвојува големи финансиии за засилувања, а во сенка на првиот тим останува младинската школа која важи за една од најдобрите во светот и на „граѓаните“ ќе им донесе заработка од 130 милиони евра за само година дена.
Последен кој ќе ја напушти истата е 19-годишниот талент Карлос Боргес, крилниот напаѓач кој се наоѓа пред трансфер во редовите на Вест Хем Јунајтед вреден 16 милиони евра со што Португалецот ќе ја зголеми листата на заминувања директно од младинската школа.
Истата претходната година му донесе на премиерлигашот заработка од 200 милиони евра што воедно го балансираше буџетот за засилувања кој ја достигна сумата од 190 милиони евра оставајќи профит на крај на преодниот рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

