Фудбалерите на Манчестер Сити ја оправдаа фаворитската улога на дуелот со Копенхаген, победувајќи го данскиот првак на гостински терен со 1-3, и така со едната нога веќе е во 1/4 финалето.
Сити ја реши победата уште по првиот дел, кога се стекна со предност, а во финишот само ја зголеми, со што има големи +2 пред реваншот на домашен терен.
Де Брујне во 10. минута од средбата го донесе Сити во предност, а потоа следуваше израмнување на Копенхаген преку Матсон, по грешката на голманот Едерсон.
Бернардо Силва во судиското надополнуање од вториот дел донесе втора предност за англискиот тим.
Во второто полувреме Сити далеку подобар противник, со повеќе шанси, со повеќе удари кон голот, за во последните секунди од мечот Фоден ги постави конечните 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА