Манчестер Сити ќе биде значително ослабен за утрешното гостување во Германија за осминафиналето од Лигата на Шампионите против Лајпциг, откако тројца стандардни првотимци воопшто не отпатуваа со тимот.
Кевин де Бруине е најзвучното име што дефинитивно нема да игра во Лајпциг, деталите за неговото отсуство барем засега не се обелоденуваат, но Белгиецот одигра 88 минути од саботното реми со Нотингем Форест, а при напуштањето на теренот не делуваше како да е повреден. Во тимот ќе го нема ниту дефанзивецот Лапорт, кој одигра 90 минути во Нотингем, како и Џон Стоунс, кој беше во трка со времето за настап против Лајпциг, но не успеа да се рехабилитира навреме за да настапи на овој натпревар.
Јасно е дека неиграњето на овие тројца врвни фудбалери ќе биде сериозен проблем за Гвардиола, кој ќе го врати Ријад Марез во стартниот состав откако Алжирецот воопшто не настапи против Нотингем Форест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

