Манчестер Сити на „шопинг“ во Брајтон

Манчестер Сити покрај Халанд, во овој преоден рок има намера да ангажира и лев бек. Според информациите од Англија, изборот паднал на дефанзивецот на Брајтон, Марк Кукуреља.

Шпанскиот 23-годишен играч е блиску да се пресели во таборот на „граѓаните“ после една сезона во Брајтон во која играше одлично. Во минатото тој играше за Гетафе, а потекнува од младинската школа на Барселона.

Понудата е околу 25 милиони евра, а истата треба да биде прифатена од страна на Брајтон, кој за 18 милиони евра минатата сезона дојде од Гетафе.

Се вчитува...