Едерсон пристигна во Манчестер Сити во 2017 година од редовите на Бенфика во трансфер вреден 35 милиони евра и оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот кој го предводи Пеп Гвардиола.
Бразилскиот чувар на мрежата важи за еден од најдобрите на својата позиција па затоа Манчетер Сити воопшто нема да ризикува и наскоро ќе започне преговори за продолжување на соработката и покрај тоа што актуелниот договор му важи уште две години.
Манчестер Сити цели да му даде и поголема плата од 120-те илјади фунти кои ги заработува на неделно ниво во моментот. Плата се очекува да се искачи на 200 илјади фунти неделно со што тој би станал еден од најплатените фудбалери во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА