Англискиот шампион Манчестер Сити се уште се соочува со забрана за настап во Лигата на шампионите, бидејќи петте члена кои го сочинуваат Судскиот совет за финансиско контролирање на УЕФА, имаат право да наметнат санкција каква што сметаат дека е соодветна.
„Нема настап во Европа за ниту еден клуб, додека се води постапка за него“, изјави портпаролката на судот кој е со седиште во Лозана.
Од друга страна од Манчестер Сити тврдат дека процесот е пристрасен и дека не е праведно спроведен. Од ЦАС велат дека минатата седмица ја примиле жалбата на англискиот тим и дека во следните неколку дена ќе ги проучува примените докази и од страна на Сити и од страна на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА