Манчестер Сити го врати Џејмс Трафорд во своите редови и тоа во рекорден трансфер кога станува збор за англиски голман со издвоени 36 милиони евра.
Трафорд потекнува од младинската школа на Манчестер Сити, но не доби шанса во првиот тим па по три позајмици премина во редовите на Барнли каде со добрите настапи се избор за камбек на „Етихад“ каде им се приклучи на Едерсон и Ортега.
Рекордниот трансфер сепак се очекува да не биде единствениот за англискиот гигант на голманската позиција бидејќи Манчестер Сити изразил голема заинтересираност за трансфер на Џанлуиџи Донарума, пренесуваат англиските медиуми.
Италијанскиот голман влегува во последната година од договорот со ПСЖ и нема намера да го продолжи истиот. Парижани веќе ја најдоа неговата замена па се очекува дека ова лето ќе замине од главниот град на Франција. Се поставува само прашањето која ќе биде неговата следна дестинација.
Во Англија за него се заинтересирани уште Манчестер Јунајтед и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

