Манчестер Сити останува шампион, постот на Ливерпул продолжува

Манчестер Сити e првата екипа што по пауза од десет години успева да ја одбрани титулата во Премиер-лигата, откако „граѓаните“ попладнево славеа над Брајтон со 1-4, задржувајќи ја предноста од еден бод пред Ливерпул на врвот на табелата.

Брајтн го шокираше Пеп Гвардиола кога Мареј погоди во 27. минута, но Сити возврати веќе во следниот напад, кога Агуеро го израмни резултатот. Лапорт пред крајот на полувремето донесе предност на гостите, а печат на победата вредна шампионска титула во вториот дел ставија Марез и Гундоган.

Постот на Ливерпул без шампионска титула продолжува и сезонава, без оглед на фактот дека „црвените“ освоија дури 97 бода. Тимот на Јирген Клоп денеска славеше против Вулверхемптон со 2-0 со двата гола на Мане, сепак недоволно за шампионско славје на „Енфилд“.

Манчестер Јунајтед ја заокружи катастрофалната сезона со пораз на домашен терен од испаднатиот Кардиф (0-2), Обамејанг со два гола му донесе на Арсенал победа на гостувањето против Барнли (1-3), додека Тотенхем и Евертон ремизираа 2-2.

 

Се вчитува...