Манчестер сити покажа кој е кој во Англија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити ги разрешија веројатно сите дилеми околу тоа кој ќе биде нов шампион во англиската Премиер-лига откако вечерва во дерби натпреварот на сезоната на домашен терен го декласираа Арсенал со убедливи 4-1.

Домаќините стигнаа до водство од 1-0 уште во 7. минута со погодокот на Кевин де Брујне. До крајот на првото полувреме веќе беше и 2-0 откако стрелаше Џон Стоунс. На 3-0 со својот втор гол зголеми Кевин де Брујне во 54. минута, додека до крајот гостите постигнаа почесен погодок (3-1) преку Холдинг во 86. минута, а конечните 4-1 беа дело на Халанд во 95. минута.

Manchester City [3] – 0 Arsenal – Kevin De Bruyne 54′
by u/Ihattaren in soccer

 

Се вчитува...