Манчестер Сити потврди: Марез оди во Ал Ахли кај Џани Алиоски

Манчестер Сити остана без уште еден важен член на екипата што со години доминираше на англиската фудбалска сцена, откако Ријад Марез денеска го комплетираше трансферот во таборот на Ал Ахли, тим за кој настапува и македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

„Граѓаните“ и официјално го потврдија заминувањето на алжирскиот крилен офанзивец, по што Марез со писмо се збогуваше од сите во таоброт на Манчестер Сити.

„Денеска доаѓа крајот на едно незаборавно поглавје во мојот живот, петгодишна авантура со безброј прекрасни спомени. Сакам да се заблагодарам на управата, на тренерот, на сите луѓе во клубот, на соиграчите, сегашни и поранешни, беше чест и задоволство да се биде на теренот со вас. Од првиот ден бев горд што сум дел од Манчестер Сити, засекогаш ќе бидам благодарен за поддршката и љубовта што ја добивав. Му посакувам се најдобро на клубот во иднина“, напиша Марез.

Се вчитува...