Манчестер Сити пред колапс: Дефанзицев во „аут“ два месеци

Манчестер Сити покрај со резултатска криза се соочува и со огромни проблеми со играчкиот кадар кој официјално ќе биде без стоперот Мануел Акаџи во следните два месеци.

Швајцарецот се повреди на натпреварот против Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на Шампионите и мораше да го напушти теренот на полувремето. Деталните прегледи потврдија лоши вести, станува збор за повреда на мускул и го чека операција која ќе го оддалечи од теренот од осум до десет недели.

Тоа значи дека тој нема да биде дел од престојниот реванш против Реал Мадрид, а ќе го пропушти и дербито со Ливерпул на 23. февруари. Се очекува да се врати на теренот околку средината на месец април.

Аканџи оваа сезона настапи на 30 натпревари за Манчестер Сити па неговото отсуство ќе биде нов проблем за Пеп Гвардиола. Добри вести за „граѓаните“ е тоа што од повреда се вратија Џон Стоунс, Нејтан Аке и Рубен Дијаш па ќе има адекватна замена.

Се вчитува...