Манчестер сити против Тотенхем е најзвучниот пар во ФА купот

Бранителот на титулата во ФА купот Манчестер Сити во четвртото коло од натпреварувањето ќе му гостува на Тотенхем одлучи синоќешната ждрепка.

Фудбалерите на Челси ќе ја пречекаат Астон Вила, а Ливерпул ќе игра на „Енфилд“ против победникот од мечот меѓу Норич и Бристол Роверс.

Фулам во Лондон ќе игра против Њукасл, а Лестер ќе го пречека подобриот од дуелот помеѓу Хал и Бирмингем.

Победникот од мечот меѓу Њупорт и Истли на домашен терен ќе игра против Манчестер Јунајтед, а подобриот од мечот меѓу Кристал Палас и Евертон ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Лутон и Болтон.

Најслабопласираниот тим во натпреварувањето Мејдстон Јунајтед од Националната лига ќе игра на гостински терен против Ипсвич, а Вотфорд ќе го пречека Саутемптон.

Се вчитува...