Манчестер Сити рутински преку Свонси до четвртфинале во ФА купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити без поголеми проблеми обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во ФА купот, откако во осминафиналето славеше на гостувањето кај Свонси со 1-3. „Граѓаните“ дојдоа до водство во 30. минута со помалку среќниот гол на Кајл Вокер. Рахим Стерлинг во 47. зголеми на 0-2, додека три минути подоцна Габриел Жезус зголеми на 0-3. До крајот Свонси успеа само да намали на 1-3 со голот на Витакер во 77. минута.

 

Се вчитува...