Манчестер сити „рутински“ против Евертон (ВИДЕО)

Манчестер Сити стигна до рутинска победа на домашен терен над Евертон од 3-0 во натпревар од 12. коло во англиската Премиер-лига. Водство за домаќините донесе Рахим Стерлинг во 44. минута, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел Родри во 55. минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Бернардо Силва во 86. минута. Сити со победата останува во игра за титулата со Челси и Ливерпул, додека Евертон по добриот старт се наоѓа во серија од шест натпревари без победа.

 

 

 

 

Се вчитува...