Шпанскиот играч за врска Родри во последните години се наметна како еден од најдобрите фудбалери на денешницата предводејќи го Манчестер Сити, но и шпанската репрезентација до бројни трофеи. Последните од нив беше на Европското првенство кое неодамна се одржа во Германија па тој претендира за наградата Златна топка.
Фантастичните настапи на Родри го привлекоа интересот на Реал Мадрид, а со цел да не го загуби својот најдобар фудбалер, Манчестер Сити се одлучи да не ризикува и веднаш интервенираше со двојно побогат договор.
Актуелниот договор на Родри со „ѓраѓаните“ важи и во следните три години, но тој се очекува наскоро да потпише нов неколкугодишен договор според кој би требал да стане најплатениот фудбалер во тимот надминувајќи ги Кевин де Брујне и Ерлинг Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА