Баер Леверкузен и Манчестер Сити се согласија да ја раскинат позајмицата за Клаудио Ечевери, и бразилскиот фудбалер ќе се врати на „Етихад“ веќе во јануари.
19-годишниот играч од средниот ред не играше многу во Баер Леверкузен, со што Сити не ја постигна целта да добие поголема минутажа. Сега ќе се врати во Манчестер, но нема да се задржи долго затоа што ќе замине на уште една позајмица.
Интерес за него има од Џирона, како и од Ривер Плејт од каде што се пресели во англискиот клуб. Оваа сезона Ечевери одигра само шест меча во Бундеслигата, и не постгина ниту еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

