Раководството на Манчестер сити објави дека клубот има рекордни приходи за сеозната 2016/2017. Според финансискиот извештај, вкупниот приход на клубот изнесува 473,4 милиони фунти, а чистата заработувачка на клубот во првата година откако менаџер на Манчестер сити стана Пеп Гвардиола, изнесува 1 милион фунти.
„Граѓаните“ соопштија дека приходите им се зголемени за 21 процент во однос на претодната финансиска година.
На Манчестер сити под водство на Гвардиола добро му оди и на финансиски и на резултатски план. По првите 11 кола, „граѓаните“ се на лидерската позција на табелата во Премиер лигата со осум бода предност пред градксиот ривал, Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА