Манчестер сити се врати на победите во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити се вратија на победите во Премиерлигата откако денеска на домашен терен славеа против „фенерџијата“ Вулверхемптон со 2-0 во натпревар од 23. коло.

Водство за домаќините од 1-0 донесе Мармуш уште во 6. минута, додека до крајот на првиот дел беше и 2-0 откако во втората минута од судиското надополнување стрелаше новата аквизиција на „граѓаните“ Семењо. На овој меч своето деби во домашниот тим го имаше Гуеи кој пред една недела премина од редовите на Кристал Палас.

Manchester City [2] – 0 Wolves – Antoine Semenyo 45‎+‎2‎'‎
byu/gbogaz insoccer

Toтенхем повторно не победи откако одигра само реми 2-2 на гостувањето кај Барнли. Во последниот меч од програмата од 16 часот Фулам славеше против Брајтон со 2-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...