Манчестер Сити е на чекор од потпис со младиот Аргентинец Клаудио Ечевери, пренесуваат британските медиуми. 17-годишникот важи за еден од најталентираните фудбалери на својата генерација и овој трансфер ќе го чини премиерлигашот 20 милиони евра.
Ечевери сепак нема веднаш да се пресели на „Етихад“, туку ќе остане во Ривер Плата како позајмен фудбалер како што беше случајот и со Хулијан Алверез.
Капитенот на кадетската репрезентација на Аргентина кој вниманието на европските гиганти го привлече на Светското првенство за фудбалери до 17 години за првиот тим на Ривер одигра шест натпревари на кои забележа една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА