Манчестер сити во јануарскиот рок најверојатно ќе се засили со 20-годишниот узбекистански репрезентативец Абдукодир Хусанов.
Хусанов е фудбалер на француски Ленс, а Сити ќе се обиде да го доведе во своите редови во јануарскиот преоден рок. Во Ленс пристигна минатата сезона од Енергетик БГУ Минск за само 100.000 евра.
На доведување на Узбекистанецот, според информациите од Англија, инсистира директно Гвардиола.
Вредноста на Хусанов, кој е од Ташкент, на фудбалскиот пазар изнесува околу 12 милони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА