Манчестер Сити со 100 милиони тргнува во Арда Гулер

Манчестер Сити размислува да го доведе младиот играч на Реал Мадрид , Арда Гулер , проценувајќи го неговиот потенцијален трансфер на 100 милиони евра, објави „ДефенсаЦентрал“.

Доколку се реализира таков трансфер, Гулер би станал второто најскапо засилување во историјата на Сити. 

Пеп Гвардиола има потреба од офанзивен играч од средниот ред, по заминувањето на Кевин де Бруине во Наполи. Тој го ангажираше Тијани Рејндерс од Милан, но не би имал ништо против да ангажира уште еден фудбалер, со оглед дека Гулер може да игра и по крилните позиции.

Се вчитува...