Англискиот тим Манчестер Сити е заинтересиран за потпис на играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Александар Павловиќ. 21-годишниот дефанзивен играч од средниот ред на Баерн Минхен се разгледува како опција за Родри, кој во последно време се почесто е повреден.
Тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола е импресиониран од игрите на младиот играч. Сити планира да одвои околу 50 милиони евра за неговите услуги, но се чини дека тоа нема да биде доволно да ги убедат германските шампиони.
Оваа сезона Павловиќ постигна еден гол на четири меча во Бундеслигата. Тој во меѓувреме стана и репрезентативец на Германија, и во иднина ќе биде еден од носителите на играта на овој национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

