Манчестер сити со играч повеќе го реши Наполи, 20 минути за Елмас (ВИДЕО)

Манчестер сити со победа ја стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите, триумфирајќи против Наполи на „Етихад“ со 2-0.

Клучен меч на мечот беше директниот црвен картон на капитенот на Наполи, Ди Лоренцо во 21. минута, кој беше доделен дури по ВАР-интервенцијата. Жртва на тој црвен картон беше Де Брујне кој мораше да биде заменет, од тактички причини, веќе во 26. минута, Конте внесувајќи го Оливера.

Квантитативната надмоќ, Манчестер сити ја искористи креирајќи бројни шанси уште во првото полувреме. Но, сепак, отпорот беше скршен во вториот дел кога најпрво погоди Халанд за 1-0 во 56. минута, а Доку зголеми на 2-0 во 65. минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 71. минута од натпреварот на местото на Ангуиса. Елмас имаше обиди за продор кон противничкиот гол, но со една консталација на играта со фудбалер помалку на неговиот тим и не можеше до поизразите шанси во нападот на „наполитанците“.

Се вчитува...