Манчестер Сити со нов светски рекорд ја носи ѕвездата на Барселона на „Етихад“!?

Манчестер Сити планира да испрати понуда од 275 милиони евра за трансфер на младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, пренесуваат шпанските медиуми. Со реализација на овој трансфер ќе биде поставен и нов светски рекорд.

И покрај тоа што има само 17 години, младиот шпански талент прави неверојатна разлика на теренот па затоа е и трансфер мета број еден на Манчестер Сити каде Пеп Гвардиола го гледа како идеален фудбалер за предводење на тимот во следните години.

Сепак реализација на овој трансфер нема да биде лесна со оглед на тоа што Барселона го смета Јамал за „недопирлив“ и тој самиот изрази голема желба да ја помине целата кариера во каталонскиот тим.

Се вчитува...