Манчестер Сити со обвинувања кон Премиер-лигата: Им се дава неправедна предност на Арсенал и некои други клубови

Раководството на Манчестер Сити ја обвини Премиер-лигата дека им дава предност на Арсенал и на другите клубови. „Граѓаните“ започнаа правна постапка со лигата минатата година, откако два спонзорски договори на клубот поврзани со Абу Даби беа блокирани од Премиер лигата.

Како дел од правната постапка, „граѓаните“ ја обвинија Премиер-лигата за нарушување на конкуренцијата, извлекување бенефиции и неправедна предност од голем број клубови. Манчестер Сити критикува за обидот да ги промени правилата околу спонзорските договори кои беа прогласени за незаконски од независен трибунал.

Во писмо до трибуналот, Сити ги именуваше Арсенал , Брајтон , Евертон и Лестер како корисници на правилата. Клубот инсистира овие клубови да имаат корист од огромни заеми од нивните сопственици.

Од клубот тврдат дека акционерските заеми, каде што сопствениците им позајмуваат пари на клубовите, во износ од стотици милиони фунти во четирите клубови, не биле третирани на ист начин како и трансакциите со другите поврзани страни, како што се спонзорските договори со компании поврзани со сопствениците на клубот.

Сепак, трибуналот, во кој има тројца адвокати, заклучи дека правилата се „неважечки и неприменливи“ и клубот од Манчестер сега верува дека е неопходно да се врати на правилата од пред 2021 година додека целосно не се решат прашањата.

Сити тврди дека променетите правила во Премиер лигата продолжуваат да ги „дискриминираат“ другите натпреварувачи во натпреварувањето, „не ги исполнуваат барањата за транспарентност, објективност, точност и пропорционалност и имаат потенцијал да ја нарушат конкуренцијата“.

Дополнително, Сити го критикуваше 50-дневниот грејс-период даден на клубовите да ги претворат акционерските заеми во трошоци за капитал, а исто така ја критикуваше лигата за тврдењето дека акционерските заеми не треба да се вреднуваат по објективна пазарна вредност на ист начин како и другите трансакции останатите клубови. 

Така, Сити тврди дека Арсенал користел од акционерски заеми од приближно 259 милиони фунти во сезоната 2022/23, Брајтон – 406,5 милиони во сезоната 2021/22, Евертон – 450 милиони во сезоната 2022/23, а Лестер – 260,2 милиони во сезоната 2022/22.

Се вчитува...