Манчестер Сити со победа над Нотингем се искачи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер Сити барем за момент се искачи на првото место во Премиерлигата, откако во првиот меч денеска го совлада составот на Нотингем Форест на гости со 1-2. Избраниците на Пеп Гвардиола уште еднаш покажаа дека се во одлична форма пред крајот на 2025 година.

„Граѓаните“ стигнаа до трите бода во вториот дел. Први дојдоа во предност во првите минути од второто полувреме со голот на Реијндерс. Сепак, гостинската радост траеше само шест минути, откако Хачинсон успеа да израмни во 54. минута.

Сити нападна жестоко да дојде до три бода, и тоа му успеа на седум минути пред крајот на мечот откако Шерки на асистенција на Гвардиола успеа да погоди и да го однесе Сити кон врвот.

Се вчитува...