Манчестер Сити со жестока „шлаканица“ за Ливерпул во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 4-0 го совлада Ливерпул на „Етихад“, и го исфрли од ФА Купот. Со тоа Ливерпул остана без уште еден пехар сезонава, откако ќе го загуби и трофејот од Премиерлигата, со оглед на фактот дека нема шанси за првото место.

„Граѓаните“ беа расположени за давање голови, а особено Ерлинг Халанд кој постигна хет-трик. Првиот гол Норвежанецот го постигна во 39. минута од пенал. Вториот во судиското надополнување од првиот дел.

Семењо во 50. минута зголеми на 3-0, а Халанд својот хет-трик го комплетираше во 57. минута од средбата.

Се вчитува...