Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд, наскоро би можел да потпише нов договор со Манчстер Сити, откако англискиот и европски првак е подготвен да го задржи на „Етихад“, откако се погласни се најавите дека Реал Мадрид ќе тргне по неговиот потпис.
Халанд има договор со Сити до 2027 година, но и желба еден ден да биде дел од „кралевите“. Меѓутоа Сити сака да се заштити, и затоа во следните неколку месеци ќе почне преговори со својата ѕвезда. „Граѓаните“ ќе му понудат далеку подобра плата, ќе има и „дебела“ клаузула, со која ќе ги отстрани сите стравови дека еден ден Реал Мадрид би можел да тргне по неговите услуги.
Раководството на сините од Манчестер се надеваат дека ќе го натераат Норвежанецот да остане дел од клубот и после 2027 година.
Покрај Халанд, Сити го има и Хулиан Алварез, кој има договор до 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

