Манчестер сити наскоро ќе биде новиот шампион на Англија, но и покрај тоа што фудбалерите на Гвардиола негуваат атрактивен фудбал, никако не можат да го исполнат стадионот, односно да ги распродадат билетите. Можеби станува збор за лош маркетинг, но надлежните лица на клубот кои се одговорни за седиштата и билетите давале лажни информации на јавноста за присутноста на стадионот. Сепак, планот им пропадна со оглед дека и полицијата исто така има одговорност за гледачите, па така мора да води напоредна статистика околу присутноста на арената.
Англиските медиуми уште во јануари ги побарале документите од полицијата која води евиденција за посетеноста, и така откриле дека неколку екипи објавувале лажни информации околу вкупните бројки на гледачи, а Сити дури и претерале.
Според официјалната статистика на Сити, на „Етихад“ просечно присуствувале 53.998 гледачи, додека според евиденцијата на полицијата во просек имало по 46.229 гледачи. Тоа значи дека на секој меч на кој „граѓаните“ се домаќини, дури 98% од нивниот стадион е исполнет од вкупно 55.097 седишта, но тоа е според нивните бројки. Напротив, во просек стадионот бил полн 84% од максималниот капацитет.
Добар пример е мечот Манчестер сити – Саутемптон кој се одигра во ноември. При крајот на средбата спикерот на стадионот истакна дека има околу 53.000 присутни гледачи на „Етихад“, додека всушност имало малку повеќе од 38.000 гледачи.
Истото го правеле и минатата сезона. Лани „граѓаните“ ја пречекаа големата Барселона во Манчестер, во победата од 3-1 во групната фаза од ЛШ пријавиле дека 53.340 гледачи биле присутни на стадионот, додека регуларната бројка е 44.757.
Клубовите како Саутемптон, Вотфорд и Арсенал исто така ги лажирале податоците, меѓутоа не во размери како Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА