Манчестер Сити во финале на ФА Купот: Махрез го „здроби“ Шефилд Јунајтед (ВИДЕО)

Манчестер Сити и натаму е во игра за тројната круна, откако денеска со победата над Шефилд Јунајтед обезбеди финале во ФА Купот на Англија.

Главен фактор во победата на „граѓаните“ беше Ријад Махрез кој со три гола го здроби тимот на Шефилд Јунајтед, кој немаше ниту сила, ниту квалитет да му се спротистави на разиграниот противник.

Махрез првиот гол го постигна од пенал во 43. минута. Во 61. минута зголеми на 2-0, а само пет минути подоцна донесе и 3-0 за својот тим, со што Сити рутински го приведе мечот до крајот.

Во финалето Сити ќе игра против подобриот од дуелот Брајтон – Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...