Манчестер сити се подготвува за финалето во Лигата на шампионите кое се игра во сабота, меѓутоа во еден дел челниците на клубот се фокусирани и на изгледот на тимот за новата сезона.
Јасно е дека ќе следат промени во играчкиот кадар, а според англиските медиуми веќе блиску е ангажманот на извонреден тандем хрватски репрезентативци. Се работи за Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ.
Гвардиол би дошол како замена за Лапорте кој не е задоволен со минутажата. Во Сити веруваат дека Лајпциг ќе го ослободи Хрватот за сума од 100 милиони евра.
Истовремено, веќе се преговара со фудбалерот за врска на Челси, Матео Ковачиќ. Двете страни постигнале веќе договор а останува само дефинирање на оштетата меѓу клубовите. Но, Челси би го ослободил за сума од 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

