Манчестер Сити за 25 милиони го донесе „новиот Меси“

Фубалскиот клуб Манчестер Сити потпиша договор со младиот аргентински играч Клаудио Ечевери до 2028 година. Ечевери досега беше дел од Ривер Плејт, каде ќе мине на позајмица до крајот на сезоната. 18-годишниот Ечевери во новата сезона одигра само шест натпревари за првиот тим на Ривер.

Како што пренесуваат медиумите во Англија, Сити целиот трансфер го платил 25 милиони евра. Ечевери беше капитен на селекцијата на Аргентина до 17 години одржано на крајот на минатата година во Индонезија. Тој на Мундијалот постигна пет голови, а Аргентина на крајот го освои четвртото место.

Ечевери за репрезентацијата на Аргентина до 17 години, одигра 23 меча и постигна 13 голови. Во Аргентина го нарекуваат „новиот Меси“.

Се вчитува...