Манчестер Сити ова лето остана без клучен дел од тимот откако од истиот замине Хулијан Алварез кој поради лични причини издејствува премин во Атлетико Мадрид.
Со тоа остана празно место на напаѓачката позиција. Ерлинг Халанд игра во врвна форма и тој не незаменлив дел од тимот, но на Норвежанецот ќе му биде потребна замена во долгата сезона. Замената се очекува да пристигне од Данска.
Станува збор за младиот напаѓач на Копенхаген, Ори Оскарсон кој физички и со својата игра доста потсетува на самиот Халанд. Добрите настапи на овој Ислаѓанец се очекува да му донесат трансфер ова лето, а голема е веројатноста дека тоа ќе биде во Манчестер Сити кој е подготвен за него да издвои 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА