Рускиот клуб Зенит утревечер (19 часот) во Санкт Петербург го пречекува македонскиот првак Вардар во рамките на петтото коло од Лигата на Европа. Тренерот Роберто Манчини очекува неговиот тим да го задржи голгетерскиот ритам од претходниот меч во рускиот шампионат, кога го совладаа Тосно со убедливи 5-0. А со идентичен резултат Зенит славеше и во Скопје, на првиот дуел против Вардар во групата од ЛЕ.
„Фокусирани сме на следниот натпревар против Вардар. Имавме одлично издание против Тосно, лесно создававме шанси, постигнавме пет гола и очекувам да го задржиме голгетерскиот ритам и на овој натпревар. Посакуваме победа, затоа што сакаме да го освоиме првото место во групата. Ќе има одредени промени во тимот, но сакаме нови три бода“, изјави Роберто Манчини на прес – конференцијата.
Тој најави дека за мечот со Вардар е подготвен и аргентинскиот интернационалец Себастијан Дриуси, кој се враќа по повреда.
„Дриуси тренира со екипата и е подготвен за настап. Ќе видиме дали ќе добие шанса за настап“, истакна италијанскиот стратег на кормилото на Зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА