Роберто Манчини продолжи со засилување на играчкиот кадар на Зенит, успевајќи да обезбеди уште едно квалитетно засилување за тимот од Санкт Петербург. Станува збор за аргентинскиот играч за врска Матијас Краневитер, кој пристигнува од Реал Мадрид за отштета од осум милиони евра.
Аргентинецот не ги оправда очекувањата на тренерот Диего Симеоне, кој даде зелено светло за негово заминување, во ситуација кога на располагање ги има Коке, Саул Нигез, Габи, Ренато Аугусто и младиот Томас. Манчини е убеден дека ќе успее да го извлече максимумот од Краневитер, кој денеска ќе пристигне во Русија, а по минувањето на лекарските прегледи ќе ја има и официјалната промоција во новиот клуб.
Зенит по четири одиграни кола има максимални 12 бода, а тимот на Манчини во минатото коло го декласираше шампионот Спартак Москва со преубедливи 5-1. Пред Краневитер, Зенит успешно ги комплетираше и трансферите на Аргентинецот Дриуси од Ривер плата, Парагваецот Паредес од Рома и Еквадорецот Нобоа од редовите на Ростов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА