„Манчини е најлошиот тренер во историјата, многу зборува, а ништо не прави“

Играчот на Сочи Кристијан Нобоа, проговори за врската со Роберто Манчини. Нобоа беше дел од тимот на Зенит, кога беше предводен од италијанскиот стручњак, и кога играше против Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.

Според Нобоа, Манчини е најлошиот тренер во историјата, и откри дека повеќе од 10 пати се скарал со него во текот на соработката во Зенит.

„Дали сум се скарал со Манчини? 10 пати. Зборуваше многу, но ништо не направи. Не ми даде шанса. Дури и кога тимот беше лош, јас тренирав напорно да се докажам. Победивме три меча по ред, јас бев најдобар а потоа ми кажа дека сум бил многу изморен. На следниот натпревар ми кажа дека ќе бидам на клупата, а потоа се враќам во игра. Му реков дека се согласувам, а потоа никогаш не заиграв повеќе. Според мене Манчини е најлошиот тренер“, изјави Нобоа кој играше во Зенит од 2017 до 2019 година.

Се вчитува...