Манчини го „слави“ отказот: Остана без работа, но ќе си зема 2 милиони евра месечно

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини доби отказ како најплатен тренер во светот на клупата на Саудиска Арабија откако помина 14 месеци на таа позиција.

Италијанецот беше назначен во август 2023 година со четиригодишен договор вреден околу 92 милиони евра, и покрај тоа што беше ослободен од Саудиска Арабија, треба да заработи дополнителни 72 милиони евра во следните три години додека не му истече договорот. Тоа значи дека Манчини ќе заработува околу 2 милиони евра месечно или 500.000 евра неделно.

Манчини оствари само седум победи на 18 натпревари, а Саудијците ги остави на третото место во својата квалификациска група во квалификациите за СП, со многу намалени шанси за пласман на СП.

По последниот кикс и ремито без голови против Бахреин, Манчини е виден како се расправа со навивачите на стадионот. Покрај тоа, тој се скарал и со фудбалерите, а потоа соработката повеќе не можела да се продолжи.

Се вчитува...