Манчини го урна рекордот на Марчело Липи

Селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини го запиша своето име во историјата на италијанскиот фудбал со ново интересно достигнување. Откако неговите фудбалери зашишаа реми од 1-1 со Бугарија во Фиренца во натпревар од квалификациите за СП, Манчини стана селектор со најмногу домашни натпревари без пораз во историјата на италијанската репрезентација, вкупно 18.

Роберто го урна рекордот на легендарниот Марчело Липи (17), кој го предводеше националниот тим на Италија до последната светска титула на тимот во 2006-та година.

Следниот натпревар Италија ќе го игра во недела, а тимот на Манчини ќе гостува на Швајцарија.

 

 

Се вчитува...

buy windows 11 pro test ediyorum