Роберто Манчини потврди дека разговарал со претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравино и дека имаат исти идеи кога е во прашање иднината на националниот тим. Италија минатото лето стана европски првак.
Сепак, годинава „Азурите“ нема да учествуваат на Светското првенство по шокантната елиминација од Македонија во полуфиналето од квалификациите. Веднаш потоа се наметна прашањето дали Манчини ќе остане селектор, додека Фудбалскиот сојуз на Италија изрази желба да ја продолжи соработката со познатиот стручњак.
„Разговаравме претходните денови … имаме исти идеи. Сега е време да се фокусираме на играта што не очекува, а потоа ќе видиме што можеме да подобриме во иднина. За мојата иднина ќе разговораме во следните денови“, изјави Манчини.
Италија во вторник ќе одигра пријателски натпревар против Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА