Манчини: Имаме одличен тим, можеме до финале

Европското првенство започнува денеска од 21 часот со натпреварот во Рим каде силите ќе си ги одмерат Италија и Турција, натпревар во кој „аѕурите“ ќе го бранат епитетот на фаворири.

Составот на Роберто Манчини е во одлична форма и не знае за пораз на 27 натпревари едно по друго, но и покрај тоа селекторот на Италија предупредува за претпазливост.

„Првиот натпревар е секогаш најтежок. Мораме да се опуштиме и да го решиме притисокот кој го имаме како домаќини па се ќе биде во ред. Турција има многу талентирани игачим, но за нас тоа е само еден натпревар. Имаме сјајни играчи и фантастичен тимски дух. Се забавуваме во репрезентацијата и така ќе продолжиме. Уверен сум дека имаме се што ни треба за да стигнеме до финале“, вели Манчини.

Се вчитува...