Поранешниот селектор на италијанската репрезентација Роберто Манчини, не се гледа себе си во европскиот фудбал во блиска иднина. Тој е бмногу блиску да ја прифати тренерската позиција во катарски Ал Сад.
Поранешниот тренер вчера бил на „Велодром“ каде го следел мечот помеѓу Олимпик Марсеј и Аталанта, и сите го проколтуваа дека се подготвува за да го наследи Иван Јуриќ на кормилото на тимот од Бергамо.
Вистината е сосема поинаква, затоа што бил поканет од директорот на Марсеј, Мехди Бенатија. Претходно се шпекулираше за клупата на Нотингем и на Фиорентина, со оглед на кризата со резултати, но Манчини се одлучи за далеку од Европа.
Последен ангажман на Манчини беше селекторската позиција во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

