Роберто Манчини ја прифатил понудената улога на селектор на Италија, каде ќе биде промовиран по завршувањето на сезоната во рускиот шампионат. Иако има уште две години од актуелниот договор со Зенит, тој предвреме ќе го раскине бидејќи и руските газди не се најзадоволни од игрите и резултатите што Манчини ги има по потрошените 100 милиони евра на нови фудбалери.
Како што јавуваат италијанските медиуми, Манчини се сретнал со Алесандро Костакурта, кој ги води преговорите со кандидатите за селектор, и постигнал начелен договор. Му бил исполнет условот договорот да биде на четири години, за да има доволно време за да ја крене репрезентацијата на здрави нозе по фијаското во квалификациите за СП 2018.
Федерацијата му понудила буџет од пет милиони евра годишно за целокупниот стручен штаб (Манчини и сите помошници), сума што трофејниот стручњак ја прифатил.
Роберто Манчини беше втор избор за селектор на „аѕурите“, откако Карло Анчелоти по долго размислување ја одби оваа понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА