Манчини: Ќе направиме се за триумф со Македонија и пласман на СП во Катар

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини вели дека единствениот негов фокус во моментов се баражите за пласман на СП 2022 и триумф на дуелот против Македонија во март следната година.

Италија во полуфиналната пресметка од баражот за мундијалски пласман ја пречекува Македонија. За Манчини не постои ниту една друга опција освен победа против селекцијата на Благоја Милевски.

„Мислам дека се опуштивме по освојувањето на европската титула ова лето. Па затоа не одигравме според посакувањата во квалификациите за СП. Сепак, се уште имаме шанси и јас сум оптимист. Треба само добро да се фокусираме и да победиме на последните два меча. Јасно е дека ќе направиме се за победа против Македонија и потоа во финалето од баражот“ – вели Манчини.

Италија на 24. март во Палермо ќе ја пречека Македонија во полуфиналето на баражот за пласман на СП 2022 во Катар.

Се вчитува...