Поранешниот италијански репрезентативец и тренер на Интер, Манчестер сити, и актуелен стратет на Зенит, Роберто Манчини, треба да биде именуван за нов селектор на „аѕурите“. Раководството на италијанскиот фудбал го одреди Манчини како најдобро решение, со оглед дека Антонио Конте и Карло Анчелоти, кои исто така без во најтесна конкуренција, не се премногу заинтересирани за оваа функција. Од друга страна, Манчини најверојатно спогодбено ќе се раздели со Зенит на крајот од сезоната, со оглед дека нема да ја освои шампионската титула. Зенит доцни седум бода зад Локомотив Москва на седум кола до крајот на шампионатот во Русија.
Медиумите на Апенините најавуваат дека утре треба да се одржи финалниот разговор, а Манчини веднаш по завршувањето на првенството во Русија, на 13.мај, би можел да се стави на располагање. Италијанската репрезентација нема да биде дел од Светското првенство во Русија, откако не успеа да обезбеди пласман. „Аѕурите“ беа елиминирани во баражот од селекцијата на Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА