Поранешниот тренер на Интер, Манчестер сити и Галатасарај, Роберто Манчини, од следната сезона би можел да седне на клупата на Рома, тврдат медиумите во Италија. Тој вчера беше забележан на стадионот на Болоња, како го следи дуелот на „римската волчица“. Ова е доволен факт за италијанските медиуми да почнат со шпекулации дека токму тој ќе биде новиот стратег на Рома.
Лучијано Спалети повеќе од сигурно ќе си замине од „Олимпико“ и се претпоставува дека би можел да седне на клупата на Интер.
Рома и оваа сезона ја загуби трката за шампионската титула во Серија А, доживеа елиминација во полуфиналето на Купот на Италија од вечниот ривал Лацио, исто како и од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА