Италијанскиот селектор Роберто Манчини, ги коментираше вчерашните настани од полуфиналето во Лигата на Нации против Шпанија, меч кој неговата селекција го загуби со 2:1, и така го претрпе првиот пораз после долго време.
Искажа разочарување за исклучувањето на Бонучи, а потоа ги критикуваше и домашните навивачи поради свирежи кон голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума.
„Натпреварите понекогаш се такви. Одредени моменти може да влијаат. Требаше да останеме со 11 играчи, направивме грешка која не смеевме да ја направиме во ова ниво на натпреварување“, рече Манчини.
На голманот Донарума му свиреа на „Сан Сиро“ поради одлуката да го напушти Милан и да се пресели во ПСЖ.
„Сигурно не му е драго поради тоа,како што не ни е ниту нам. Џиџи добро бранеше. Разочарани сме затоа што играше Италија, а не беше клупски натпревар. Можеа тоа да го остават доколку играат Милан и ПСЖ, затоа што репрезентацијата треба да биде над се“, потенцираше Манчини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА