Манчини: Ми недостасува тренерската работа

Поранешниот италијански селектор Роберто Манчини, и натаму бара нова работа. Италијанецот е без ангажман од октомври 2024 година, кога доби отказ од селекторската позиција на Саудиска Арабија.

Претходно работеше во Зенит, Интер, Галатасарај, Манчестер Сити, и како што вели, чека нов ангажман.

„Многу ми недостасува тренерската работа. Ми недостига се секој ден. Се надевам дка набрзо тоа ќе се промени“, изјави Манчини.

60-годишниот Италијанец со својата репрезентација го освои ЕУРО 2020 година, откако во финалето на пенали ја совлада Англија.

Се вчитува...